Поради големиот интерес, а на барање на апликантите, Министерството за култура го продолжи рокот за аплицирање на Конкурсот за доделување месечни надоместоци на самостојни уметници за 2024 година.
Рокот се продолжува до 3-ти декември (недела), до 23:55 часот. Пријавувањето на Конкурсот за доделување месечни надоместоци на самостојни уметници за 2024 година се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk.