Премиерот Ковачевски ќе се обрати на конференцијата „Транспарентност и отчетност: Совршен пар за враќање на довербата во јавните институции“
Ве известуваме дека на 12.12.2023 година (вторник) во 10:00 часот во хотел „Лимак“, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ќе присуствува и ќе има воведно обраќање на конференцијата „Транспарентност и отчетност: Совршен пар за враќање на довербата во јавните институции“ во организација на Институтот за комуникациски студии.
Локација: Хотел „Лимак“ – Голема сала на 5-ти спрат.
Календар Влада:
Tuesday, December 12, 2023 - 10:00 to 11:00