Шукова и Костадиновска-Стојчевска во работна посета на Општина Тетово
На 12.12.2023 година (вторник) министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска ќе бидат во работна посета на Општина Тетово.
Посетата ќе започне со обиколка на новите простории на ЈУ Национален парк ,,Шар Планина”, на која заедно со директорот на установата ќе се направи увид на тековните и завршените капитални инвестиции и проекти на установата.
Во 10:30 часот министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова ќе даде изјава за медиуми пред Националниот парк ,,Шар Планина”.
Агендата продолжува во Музејот на тетовски крај – Тетово, каде по разгледувањето на објектот и увид во тековните активности и досегашни инвестиции ќе биде остварена средба со здруженијата апликанти на Конкурсот „Култура во лето“.
После средбата, во 11:45 часот, пред новите административни простории на Музејот на тетовски крај – Тетово, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска ќе даде изјава за медиуми.
Во рамките на посетата, министерките Костадиновска-Стојчевска и Шукова ќе го посетат и Центарот за култура „Иљо Антески Смок“-Тетово.