Јавен повик Бр.9/2023 за пријавување на заинтересирани лица за именување на 6 (шест) члена на Управниот одбор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта - Скопје ц.о.
Врз основа на член 17 и член 17- а став 1 од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија“ бр.38/96, 6/2002, 40/2003, 49/2006, 22/2007, 83/2009, 97/2010, 6/2012, 119/2013, 41/2014, 138/2014, 25/2015, 61/2015, 39/2016, 64/2018, 35/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.275/2019, 89/2022 и 274/2022), член 21 и член 21 -а од Статутот на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта - Скопје ц.о. бр.01-251 од 4.6.2012 година, бр. 02-611/7 од 30.9.2013 година, бр.02-56/8 од 15.1.2015 година, бр.02-545/3 од 12.3.2015 година, бр.02-849/2 од 25.4.2019 година, бр.02-1928/2 од 17.11.2020 и 02-1328/7 од 23.6.2023 година и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите и други прашања во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија („Службен весник на Република Северна Македонија“бр.283/2022), Владата на Република Северна Македонија распишува:
Ј А В Е Н П О В И К Бр.9/2023
за пријавување на заинтересирани лица за именување на 6 (шест) члена на
Управниот одбор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта - Скопје ц.о.
1. Владата на Република Северна Македонија на предлог на генералниот секретар, објавува Јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за именување на 6 (шест) члена на Управниот одбор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта - Скопје ц.о., со мандатот од четири години, со право на уште еден последователен мандат.
2. Назив на јавното претпријатие: Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта - Скопје ц.о..
3. Шифра и дејност на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта - Скопје ц.о. според Националната класификација на дејности (НКД) е:
- 43.99 - Останати специјализирани градежни работи не спомнати на друго место
4. Надлежности на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта - Скопје ц.о. се:
а) Периодично (инвестиционо) одржување
- надградба и поправка на дотраени коловози
- санација на свлечишта и заштита на трупот на патот
- решавање на црни точки, уредување на приклучоци, паркиралишта и автобуски постојки
- обнова на сообраќајна сигнализација и патна опрема
- садење на заштитни шумски појаси и хортикултурно уредување
- санација и зајакнување на мостови
б) Зимско одржување
- зимска служба
в) Редовно одржување
- тековно одржување
- поправка на коловозот - крпење ударни дупки
- приоритетна модернизација и делумна рехабилитација на патни правци
- ископ на патни канавки
- дежурна интервентна служба
- одржување на електрични инсталации
- одржување на хоризонтална сигнализација
- одржување на вертикална сигнализација и патна опрема
- поставување и одржување на оградни и обложни мрежи
5. Веб страна на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта - Скопје ц.о. www.makedonijapat.com.mk
6. За член на управниот одбор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта - Скопје ц.о., може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование и
- во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.
- членовите на управниот одбор треба да имаат и соодветно работно искуство, и тоа:
- два члена на управниот одбор треба да имаат најмалку пет години работно искуство од областа на дејноста на јавното претпријатие, (согласно со Националната класификација на дејностите публикувана од страна на Државниот завод за статистика),
- најмалку еден член на управниот одбор треба да има најмалку три години работно искуство од областа на финансиско работење,
- најмалку еден член на управниот одбор треба да има најмалку три години работно искуство од областа на правните работи и
- најмалку еден член на управниот одбор треба да има најмалку три години работно искуство од областа на техничките науки.
7. Со пријавата кандидатите треба да ја достават следната документација:
1) Образаец за пријавување;
2) Кратка биографија;
3) Писмо за интерес/мотивација за позицијата за која аплицира;
4) Уверение за државјанство;
5) Уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование, соодветно за местото за кое се пријавува;
6) Потврда дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
7) Историјат за вработување од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија со евидентиран стаж;
8) Изјава заверена на нотар дека кандидатот под целосна морална, материјална и кривична одговорност потврдува за точноста и веродостојноста на наведените податоци во пријавата и за поднесената документација
9) Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон за бараната позиција.
8. Документите од точка 7 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За Јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за именување на 6 (шест) члена на Управниот одбор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта - Скопје ц.о. “.
9. Членовите на Управниот одбор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта - Скопје ц.о. ги именува, односно разрешува основачот на јавното претпријатие- Владата на Република Северна Македонија.
10. Член на управниот одбор на јавното претпријатие не може да има лично, преку трето лице или по било која основа, интереси во претпријатие или трговско друштво кое е во деловни односи со јавното претпријатие, кои можат да имаат било какво влијание на неговата независност и непристрасност во одлучувањето во јавното претпријатие. Секој член на управниот одбор, е должен да го предупреди основачот на постоењето на ваков интерес кај еден или повеќе членови на Управниот одбор.
11. Неспојливи се функцијата претседател и член на управниот одбор на јавното претпријатие со функциите претседател и членови на Владата на Република Северна Македонија.
12. Работните задачи, одговорности и обврски на членовите на Управниот одбор се утврдени согласно Законот за јавните претпријатија, Статутот на јавното претпријатие и Деловникот за работа на Управниот одбор.
13. Управниот одбор на првата седница од своите редови избира претседател и заменик претседател.
14. Членовите на Управниот одбор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта - Скопје ц.о., примаат надомест за работата и членството во Управниот одбор согласно Одлука бр.02-2600/1 од 5.12.2022 година и тоа: претседател: 12.000,00 денари, заменик претседател: 11.000,00 денари и член: 10.000, 00 денари.
15. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 10 работни дена, сметано од денот на објавување на јавниот повик.
16. Повикот ќе биде објавен на веб страната на Владата на Република Северна Македонија и на веб страната на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта - Скопје ц.о. www.makedonijapat.com.mk
17. Краен датум за пријавување е 25.12.2023 година.
18. Постапката на селекција на кандидатите за членови на Управниот одбор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта - Скопје ц.о. ќе го спроведе Комисијата за човечки ресурси и одржлив развој на Владата на Република Северна Македонија и истата се состои од две фази, и тоа: Фаза 1 - административна селекција и Фаза 2 – интервју. За кандидатите за кои при административната селекција се утврди дека не ги исполнуваат условите утврдени во јавниот повик или не ги доставиле потребните докази, постапката на селекција завршува. Административната селекција завршува најдоцна 15 дена по истекот на рокот за пријавување на кандидатите на јавниот повик. Комисијата, најдоцна десет дена од денот на завршување на административната селекција спроведува интервју со кандидатите кои успешно ја поминале административната селекција. Начин на бодување на секоја од фазите на селекција е утврден согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите и други прашања во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија („Службен весник на Република Северна Македонија“бр.283/2022).
19. Точниот датум, време и место на одржување на интервјуто се објавуваат на веб- страницата на основачот на јавното претпријатие.
20. Непополнета и нецелосната пријава како и некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.