Премиерот Ковачевски на доделување на договори за новата мерка „Бизнис план во земјоделството“ и на настан по повод промоција на монографија „Сојуз на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи (1948-2023)“
На 15 декември 2023 година (петок) во 10:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе се обратат на настан по повод доделувањето на договорите на земјоделците за новата мерка „Бизнис план во земјоделството“.
На настанот премиерот Ковачевски, министерот Николовски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски и државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Реџаил Исмаили ќе доделат договори на земјоделците корисници на поддршката во форма на кофинансирање во висина до 10.000 евра по корисник.
Потоа, во 11:00 часот, премиерот Ковачевски ќе присуствува и ќе се обрати на промоција на монографијата „Сојуз на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи (1948-2023)“.