Јавен оглас бр.19/2023 за избор на еден член на Советот на експерти на  Агенцијата за супервизија на осигурување

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
29.12.2023

Врз основа на член 158-д, член 158-ѓ, член 158-е и член 158- ж став (2) од Законот зa супервизија на осигурувањето („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/2002, 79/2007, 88/2008, 67/2010, 44/2011, 188/2013, 43/2014, 112/2014, 153/2015, 192/2015, 23/2016, 83/2018 и 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/2019, 31/2020 и 173/2022), Владата на Република Северна Македонија објавува

ЈАВЕН  ОГЛАС бр.19/2023
за избор на еден член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување

1) На предлог на Владата на Република Северна Македонија, Собранието на Република Северна Македонија ќе именува еден член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување (еден непрофесионално ангажиран член).

2) Орган на Агенцијата за супервизија на осигурувањето е Советот на експерти.

3) Советот на експерти на Агенцијата е составен од пет члена, од кои еден е претседател кој раководи со Агенцијата и ја застапува во односите со трети лица.

4) Мандатот на членовите на Советот на експерти е пет години, со можност за реизбор.

5) Претседателот и најмалку двајца членови на Советот, кои врз основа на предлогот од Владата на Република Северна Македонија ги определува Собранието на Република Северна Македонија, се професионално ангажирани во Агенцијата со полно работно време и не можат да имаат друга функција и да бидат вработени на друго работно место или да добиваат друг надоместок освен плата и други додатоци на плата, согласно со Законот за работните односи и колективниот договор, како и надоместоци од повремени едукативни и авторски хонорари.

6) За член на Советот на експерти на Агенцијата може да се избере лице кое ги исполнува следниве услови:
   - Да е државјанин на Република Северна Македонија;
   - Да има завршено високо образование;
   - Да е признат експерт во областа на осигурувањето, финансиите или трговското право и да има најмалку пет години работно искуство во областа на осигурувањето или финансиите;
   - Да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик, не постар од пет години: ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL IBT) најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен, БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или АПТИС (APTIS) - најмалку ниво Б2 (B2). 

7) За член на Советот на експерти на Агенцијата не може да се именува лице:
   - На кое му е изречена казна затвор за кривично дело против јавните финансии, против платниот промет и стопанството, против службената должност или против правниот сообраќај;
   - На кое му е изречена прекршочна санкција или казна забрана за вршење професија, дејност или должност од областа на осигурувањето и финансиите;
   - Кое е осудено со правосилна судска пресуда на безусловна казна затвор над шест месеци, се додека траат правните последици од пресудата за кривичните дела против имотот, кривичните дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството, кривичните дела против службената должност, како и кривичните дела фалсификување исправа, посебни случаи на фалсификување исправи, компјутерски фалсификат, употреба на исправа со невистинита содржина и надриписарство од Кривичниот законик;
   - На кое му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност;
   - Кое е функционер кој раководи со државен орган или орган на државната управа;
   - Кое е член на орган на управување, надзорен орган или лице вработено во друштво за осигурување, осигурително брокерско друштво или друго правно лице над кое супервизија спроведува Агенцијата;
   - Кое е акционер во друштво за осигурување, осигурително брокерско друштво, друштво за застапување во осигурувањето или друго правно лице над кое супервизија спроведува Агенцијата;
   -  Кое е член на органи на политичка партија и
   -  Кое е пратеник или лице кое врши друга должност на која е именуван од Владата или Собранието на Република Северна Македонија.

8) Претседателот и членовите на Советот на експерти се должни својата работа да ја извршуваат професионално и на начин на кој нема да ја доведуваат во прашање независноста и самостојноста на Агенцијата. Каков било облик на влијание врз работењето на Советот на експерти кој би можел да влијае врз независноста и самостојноста на Агенцијата е забранет.

9) Членовите на Советот на експерти кои не се професионално ангажирани во Агенцијата имаат право на месечен надоместок и надоместок на други трошоци утврдени со Статутот и другите акти на Агенцијата.

10) Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
   - Кратка биографија;
   - Уверение за државјанство; 
   - Диплома за завршено високо образование;
   - Доказ дека е признат експерт во областа на осигурувањето, финансиите или трговското право и да има најмалку пет години работно искуство во областа на осигурувањето или финансиите; 
   - Меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик, не постар од пет години: ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL IBT) најмалку 74 бода, ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) –најмалку Б2 (B2) ниво, ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен, БУЛАТС (BULATS) –најмалку 60 бода или АПТИС (APTIS) -најмалку ниво Б2 (B2);
   - Доказ дека не му е изречена казна затвор за кривично дело против јавните финансии, против платниот промет и стопанството, против службената должност или против правниот сообраќај;
   - Доказ дека не му е изречена прекршочна санкција или казна забрана за вршење професија, дејност или должност, од областа на осигурувањето и финансиите;
   - Доказ дека нема правосилна судска пресуда на безусловна казна затвор над шест месеци, се додека траат правните последици од пресудата за кривичните дела против имотот, кривичните дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството, кривичните дела против службената должност, како и кривичните дела фалсификување исправа, посебни случаи на фалсификување исправи, компјутерски фалсификат, употреба на исправа со невистинита содржина и надриписарство од Кривичниот законик;
   - Доказ дека не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност;
   - Доказ дека не е функционер кој раководи со државен орган или орган на државната управа;
   - Доказ дека не е член на орган на управување, надзорен орган или лице вработено во друштво за осигурување, осигурително брокерско друштво или друго правно лице над кое супервизија спроведува Агенцијата;
   - Доказ дека не е акционер во друштво за осигурување, осигурително брокерско друштво, друштво за застапување во осигурувањето или друго правно лице над кое супервизија спроведува Агенцијата;
   - Доказ дека не е член на органи на политичка партија и
   - Доказ дека не е пратеник или лице кое врши друга должност на која е именуван од Владата или Собранието на Република Северна Македонија.

11) Документите од точка 10 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за избор на еден член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (непрофесионално ангажиран член)“.

12) Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е (15) петнаесет дена сметано од денот на објавувањето на огласот во дневните весници.

13) Огласот ќе биде објавен и на веб страната на Владата на Република Северна Македонија.

14) Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.