Потпишување на договори за проекти од локален интерес во општините
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, 19.12.2023 година (вторник) со почеток во 13:00 часот, во Свечената сала во Владата, ќе присуствува и ќе има обраќање на настан по повод обезбедената поддршка од страна на Владата за реализација на проекти од локален интерес, во најголем дел од општините во државата.
На настанот е предвидено потпишување на договорите за реализација на конкретните проекти, помеѓу соодветните минитерства/ институции и општините.
На настанот ќе присуствуваат и Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции,Фатмир Бесими- министер за финансии,Фатмир Меџити- министер за здравство,Јетон Шаќири- министер за образование и наука, Јована Тренчевска- министерка за труд и социјална политика, Бисера Костадиновска- Стојчевска- министерка за култура, Благој Бочварски- министер за транспорт и врски,
Каја Шукова- министерка за животна средина и просторно планирање, Наумче Мојсовски- директор на Агенција за млади и спорт, како и градоначалниците на општините.
Настанот по повод потпишувањето на договори за проекти од локaлен интерес можете да го проследите и во живо на следните линкови: