Премиерот Ковачевски во Битола на пуштање во употреба на регионалниот пат Битола- Меџитлија и во посета на компанијата „Лакталис“
На 20 декември 2023 година (среда) во 11:30 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми ќе дадат изјави за медиумите по повод пуштањето во употреба на рехабилитираниот регионален пат Битола - Меџитлија.
На настанот ќе присуствува и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.
Линк до локацијата, во близина на граничниот премин Меџитлија.
Веднаш потоа, премиерот Ковачевски ќе ја посети компанијата „Лакталис“ -Битола, каде по обиколката на производството ќе даде изјава за медиумите.
Линк до локација, „Лакталис Компанија“- Индустриска ББ, Битола
Замолуваме медиумските екипи да пристигнат на првата локација во 11:15 часот.