Премиерот Ковачевски во посета на Шуто Оризари

Ве известуваме дека на 16.01.2024 година (вторник) претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе ја посети општина Шуто Оризари. Во 11:00 часот премиерот Ковачевски ќе присуствува и ќе има свое обраќање на потпишување на договор помеѓу УНДП и општина Шуто Оризари, за изградба на Ресурсен Центар за повратници и други ранливи категории на граѓани, кој ќе биде прв од ваков вид кај нас.

После официјалното потпишување на договорот, предвидени се одговори на новинарски прашања.

Локација: Зграда на општина Шуто Оризари, Ул.„Хаџи Јован Шишко“ бб, 1000

Календар Влада: 
Tuesday, January 16, 2024 - 11:00 to 12:00