Министерот Јанакиески во посета на Кичево
Во Кичево денеска доделени првите 20-тина решенија за легализација на дивоизградени објекти. Решенијата беа доделени од страна на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот Благоја Деспотоски.
Министерот истакна дека овој процес на легализација на дивоизградените објекти досега во оваа општина се одвива добро и оти се легализирани околу 300 објекти.
За време на посетата во Кичево министерот заедно со градоначалникот ги посети локациите каде што е во тек изградбата на новиот водовод, како и изградбата на патот Кнежево-Крушино. Јанакиески ги посети и локациите каде што се градат повеќе стопански објекти кои се овозможени преку активностите за оттуѓување градежно земјиште по пат на јавно наддавање од страна на Министерството за транспорт и врски.
- Денеска сме во посета на Кичево, конкретно во објектот што е финансиран од нашето Министерсво, а тоа е целосна реконструкција на водоводната и канализациската мрежа на главната улица во вредност од околу 500 илјади евра. Ќе посетиме и неколу локани патишта, што се во изградба и реконструкција, изјави министерот Јанакиески.
Градоначалникот Деспотоски изрази благодарност за помошта од Владата во реконструкцијата на водоводната и канализациската мрежа во главната улица во градот, во реконструкцијата и изградбата на неколку патишта, како што се патните правци Кичево-Крушино, Кичево-Кнежино и најави дека се планира реконструкција на патот Кичево-Мамудоци-Лазаровци.