Примопредавање на функција помеѓу досегашниот претседател на Владата и претседателот на преодната Влада на Република Северна Македонија
На 29 јануари 2024 година (понеделник) со почеток во 10:00 часот во Владата на Република Северна Македонија предвидено е примопредавање на функцијата помеѓу досегашниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски и Талат Џафери, претседател на преодната Влада на Република Северна Македонија.
По пристигањето на платото на Владата на Република Северна Македонија, планирано е премиерите Ковачевски и Џафери да одржат кратка средба. По средбата во 10:30 часот тие ќе дадат изјава за медиумите.
Календар Влада:
Monday, January 29, 2024 - 10:00 to 11:00