На маргините на учеството на Анталија дипломатскиот форум, министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан.
Соговорниците изразија задоволство од нивото на севкупните односи меѓу двете земји, кои се одвиваат во духот на силно традиционално пријателство и партнерство и за зајакнување на истото се договорија да се иницира заедничка средба меѓу двете влади.
“Оваа година ќе одбележуваме 32 години од воспоставувањето дипломатските односи меѓу нашите земји, повеќе од три децении откако Турција во континутитет претставува наш важен пријател и сојузник на Северна Македонија. Оттука, наша обврска е да продолжиме да го негуваме ова наше традиционално партнерство преку заедничка средба на двете влади” истакна Османи.
Во врска со трговската размена меѓу двете земји Османи подвлече дека е во постојан раст последните пет години, но дека исто така целиме кон користење на сите потенцијали за економска и туристичка соработка.
Министрите разговараа и за мултилатералната соработка во рамки на меѓународните организации, особено сојузништвото во рамки на НАТО Алијансата.
На средба се разменија мислења и за други актуелни прашања од надворешната политика како и предизвиците од новите геополитички околности.
За време на престојот во Анталија, Османи оствари и други бројни средби со колеги од различни земји.