Одбележување на 24 Мај - Ден на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј

По повод 24 Мај - Ден на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј, Владата на Република Северна Македонија на 23.05.2024 година (четврток) организира настан за одбележување на државниот празник.
 
По тој повод, во 11:00 часот, владина делегација предводена од Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање во Владата на Република Северна Македонија, Агим Нухиу, заменик министер за образование и наука во Владата на Република Северна Македонија и Митко Бојмацалиев, дополнителен заменик министер за внатрешни работи во Владата на Република Северна Македонија, ќе одаде почит и ќе положи свежо цвеќе на споменикот на светите Кирил и Методиј, на платото пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје.

Календар Влада: 
Thursday, May 23, 2024 - 11:00 to 12:00