Владата ќе ја одржи првата седница

Ве известуваме дека денеска, 28.06.2024 година (петок) со почеток во 12:00 часот во просториите на Владата ќе се оддржи првата седница на Владата на Република Северна Македонија.

На седницата меѓу другото ќе се дискутира за предлогот за линеарно зголемување на пензиите како и за именувања на раководни кадри во неколку државни институции.

По завршување на истата јавноста ќе биде информирана преку соопштение за донесените одлуки.

Календар Влада: 
Петок, Јуни 28, 2024 - 12:00 to 13:00