Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со Амбасадорката на Кралството Шведска во Северна Македонија, Н.Е. Ami Larsson Jain.
На средбата беа разменети ставови за тековните политички и економски прашања, како и за напредокот на европските интеграции на државата. Претседателот Мицкоски ја истакна важноста на соработката со Шведска, потенцирајќи дека поддршката од шведската страна е од големо значење за развојот и стабилноста на земјата.
Амбасадорката Larsson Jain ја потврди посветеноста на Шведска за продолжување на одличната соработка со Северна Македонија и изрази подготвеност за поддршка во клучните реформи и проекти што се предвидени во наредниот период.
Средбата заврши со согласност за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес.