Претседателот на Владата ќе присуствува на поставување на камен темелник на изградба на влезот на Општина Битола, увид во градежни активности за изградба на ПП и отворање на спортски игралишта

Почитувани,

Ве известуваме дека денеска 26.07.2024 година (петок) во 13:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на изградба на влезот во Општина Битола, каде што ќе даде изјава за медиуми.

Станува збор за проект вреден над 100 милиони денари, кој се реализира во должина од 1.332 метри.

Проектот вклучува реконструкција со доградба на коловоз на дел од улица „8 Септември“ во Битола, од бензинска пумпа „Лукоил“ до граница на ГУП на Општина Битола.

Потоа, претседателот Мицкоски во 13:50 часот ќе изврши увид на градежни активности при изградба на Противпожарната зграда. Проект кој што беше најавен дека ќе започне со реализација во јануари.

На крај, во 14:20 часот, претседателот на Владата Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на спортски игралишта во OУ „Елпида Караманди“ во Битола.

Локација од изјавата:

https://maps.app.goo.gl/ZJ7bXism7dghZQFo8

Го покануваме Вашиот медиум да ја проследи изјавата.

Со почит,

Календар Влада: 
Friday, July 26, 2024 - 13:00 to 14:45