[Најава] Претседателот на Владата Мицкоски ќе се обрати на свечената седница по повод 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Почитувани, ве известуваме дека денеска 13.08.2024, (вторник) година ќе се одржи одбележување на 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. 

По тој повод со почеток во 13:00 часот во свечената сала во владата на Република Северна Македонија ќе се одржи Свечена седница на која ќе се обратат:

• Христијан Мицкоски, Претседател на Владата на Република Северна Македонија

• Изет Меџити – Прв заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, министер за животна средина и просторно планирање.

Настанот ќе биде пренесуван во живо на facebook и You Tube каналот на Владата.

Покануваме сниматели и фоторепортери да го проследат настанот.

Со почит,

Календар Влада: 
Вторник, Август 13, 2024 - 13:00 to 14:00