[Најава] Претседателот на Владата Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на изградба на спортска сала во Општина Петровец

Почитувани,



Ве известуваме дека денеска 22.08.2024 година (четврток) во 12:15 часот, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на изградба на спортска сала во населено место Огњанци, во Општина Петровец.

Големината на салата е 25 метри на 21 метар, во вредност од 12.000.000 денари обезбедени од Министерството за образование и наука и 6.000.000 денари од општинскиот буџет, а рокот на изведба е 5 месеци.

Предвидено е изјава за медиуми да даде Претседателот на Владата, Мицкоски.

Го покануваме Вашиот медиум да ја проследи изјавата.
Календар Влада: 
Четврток, Август 22, 2024 - 12:15 to 13:00