[Најава] Претседателот на Владата Мицкоски ќе одржи прес конференција на која ќе ја промовирана мерката „Помалку трошоци – повеќе за сите“

Почитувани, Ве известуваме дека денеска 03.09.2024 година (вторник) во 13:30 часот, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе одржи прес конференција за медиуми во Медија центарот на Владата при што ќе биде промовирана мерката „Помалку трошоци – повеќе за сите“. 

Со оваа мерка ќе се замрзнат и намалат цените на производите потребни за децата за отпочнување на учебната година, со што директно ќе се помогне за заштита на стандардот на граѓаните.

Го покануваме Вашиот медиум да ја проследи прес конференцијата.

 

Со почит,

Календар Влада: 
Вторник, Септември 3, 2024 - 13:30 to 14:00