Врз основа на член 55 став (1) од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија” бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10, 51/11 и „Службен весник на РСМ“ бр.96/19, 110/19, 154/19 и 121/2024), а во врска со член 8 став 5 од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 61/04, 96/04, 67/07, 156/09, 47/11, 192/15, 209/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 244/19, 53/21, 77/21, 150/21, 173/22 и 170/2024) и член 46-б од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 283/23 и 169/2024), Министерот за спорт донесе
Критериуми и процедури
за распределба на капитална дотација за инфраструктурни проекти во општините во областа на спортот за 2024 година
Во Буџетот на Министерството за спорт за 2024 година во разделот 16201 – Финансирање од областа на спортот, во Програма/Потпрограма А – Децентрализација, АА Инфраструктурни проекти во општините, категорија 48 - капитални расходи, на ставка 488 - капитални дотации до ЕЛС, дополнително со измените и дополнувањата на Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 169/2024) се предвидени средства за оваа намена.
Министерството за спорт ќе ја изврши распределбата на овие капитални дотации за инфраструктурни проекти во општините за 2024 година во согласност со Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа и Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година.
I. КРИТЕРИУМИ
Министерството за спорт ќе ја изврши распределбата на капиталните дотации за инфраструктурни проекти во општините од областа на спортот според следните критериуми:
- Комплетна проектна документација, ревидирана предмер пресметка не постара од 12 (дванаесет) месеци пред аплицирање, со потребните одобренија за реализација на проектот;
- Резидентното население во општината согласно последниот попис во Република Северна Македонија;
II. ПРОЦЕДУРИ
Во согласност со член 8 став (1) од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 61/04, 96/04, 67/07, 156/09, 47/11, 192/15, 209/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 244/19, 53/21, 77/21, 150/21, 173/22 и 170/2024), со дотации од Буџетот на Република Северна Македонија и од буџетите на фондовите се обезбедуваат дополнителни приходи во буџетот на општината за финансирање на нејзините надлежности определени со закон.
Во согласност со член 8 став 3 од овој Закон, видот, износот и распределбата на дотациите по општини се составен дел од Буџетот на РС Македонија и на буџетите на фондовите.
Во согласност со член 11 став 5 од овој Закон, во случај на обезбедување на дополнителни средства со изменувањата и дополнувањата на Буџетот на Република Северна Македонија, надлежните министерства и фондовите во рок од еден месец од денот на влегувањето во сила на истите ги објавуваат утврдените критериуми, процедури и рокови за распределба на капиталните дотации.
Во согласност со член 11 став 6 од истиот Закон, капиталната дотација се користи врз основа на донесена Одлука од Владата на Република Северна Македонија.
Министерството за спорт на својата веб-страница ќе ги објави критериумите и процедурите за распределба на капитални дотации за за инфраструктурни проекти во општините во областа на спортот за 2024 година.
Владата на Република Северна Македонија на предлог на Министерството за локална самоуправа ќе формира меѓуресорско, Координативно тело за следење и координација на активностите за спроведување на Програма АА -Инфраструктурни проекти на општините. Министерството за локална самоуправа ќе објави повик за изразување на интерес од страна на општините за финансирање на инфраструктурни проекти врз основа на критериумите објавени во оваа објава.
Владата на Република Северна Македонија, врз основа на член 11 став 6 од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа и согласно член 46-б од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година, на предлог на Министерството за спорт во соработка со Министерството за локална самоуправа ќе донесе Одлука за користење капитални дотации за инфраструктурни проекти за општините за 2024 година.
По донесувањето на Одлуката од страна на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за спорт ќе додели договори со кои ќе бидат регулирани правата и обврските на Министерството за спорт и на единицата на локалната самоуправа корисник на средствата за капитални дотации за инфраструктурни проекти за 2024 година.
Министерството за спорт ќе го следи користењето на капиталната дотација, а согласно член 46-б од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година, исплатата на средствата ќе се врши врз основа на изведени работи и комплетна исплатна документација.
При констатирање неправилности во користењето на дотацијата, Министерството за спорт може да ја запре исплатата на средствата и за тоа ќе го извести Министерството за финансии.
III. НАЧИН НА РАСПРЕДЕЛБА
Евалуационата комисија ќе изврши проверка на комплетност и валидност, селекција, и ќе достави предлог за избор на проекти за финансирање до министерот за спорт.
Министерството за спорт ќе достави предлог Одлука за користење капитални дотации за инфраструктурни проекти за општините за 2024 година, до Владата на Република Северна Македонија.
Министерството за спорт ќе ги додели договорите за капитални дотации во областа на спортот за 2024 година веднаш по донесувањето на Одлуката од страна на Владата на Република Северна Македонија.