[Најава] Претседателот на Владата Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на СРЦ „Бранители“ во Општина Бутел

Почитувани,Ве известуваме дека денеска 12.09.2024 година (четврток) во 09:45 часот Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на Спортско рекреативен центар „Бранители“ во населеното место Љуботенски Пат во Општина Бутел.

Овој спортско рекреативен центар опфаќа фудбалски терен со вештачка трева, баскет терен со специјална подлога, како и детско игралиште, мини парк и шеталиште за жителите.

Вредноста на овој проект изнесува 7.000.000 денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Бутел.

Предвидено е изјава за медиуми да даде Претседателот на Владата, Мицкоски.

Го покануваме Вашиот медиум да ја проследи изјавата. 
 
Календар Влада: 
Четврток, Септември 12, 2024 - 09:45 to 10:45