[Најава] Претседателот на Владата Мицкоски ќе присуствува на показна вежба во АП „Криволак“
Почитувани, Ве известуваме дека утре 04.10.2024 година (петок) со почеток од 10:30 часот Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на изведување на методска показна вежба: Лесна Пешадиска Борбена Група (ЛПБГ) во Армискиот полигон „Криволак“.
По завршување на настанот, предвидено е во 12:15 часот изјава за медиуми да даде Претседателот на Владата Мицкоски.
Го покануваме Вашиот медиум да ја проследи изјавата.
Со почит,
Календар Влада:
Friday, October 4, 2024 - 10:30 to 13:00