ЈАВЕН ОГЛАС бр. 09/2024 за именување на директор на Управата за јавни приходи
Институција која огласува:
Владата на Република Северна Македонија
Рок на пријавување:
11.10.2024
Врз основа на член 10 став (3) од Законот за управата за јавни приходи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 43/2014, 61/2015, 27/2016, 35/2018, 83/2018 и 7/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 87/2023), Владата на Република Северна Македонија објавува
Ј А В Е Н О Г Л А С бр. 09/2024
за именување на директор на Управата за јавни приходи
- Владата на Република Северна Македонија ќе именува директор на Управата за јавни приходи, на предлог на министерот за финансии, за период од четири години.
- За директор на Управата за јавни приходи може да биде именувано лице кое ги исполнува следните услови:
- Да е државјанин на Република Северна Македонија;
- Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Да има стекнати 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование;
- Да има најмалку пет години работно искуство;
- Да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англиски јазик, не постар од пет години:
- ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
- АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
- За директор на Управата за јавни приходи може да биде именувано лице кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнителните критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf,
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni_dokumenti_1.docx
- Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
- Пријава по оглас;
- Кратка биографија;
- Мотивациско писмо;
- План и програма за идна работа;
- Уверение за државјанство;
- Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Диплома или уверение за завршено високо образование со стекнати 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование;
- Доказ дека има најмалку пет години работно искуство;
- Меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англиски јазик, не постар од пет години:
- ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
- АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
- Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување на директор на Управата за јавни приходи “.
- Бараните документи не ги субституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МЈА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
- Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела.)
- Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 65/2024, 163/2024, 184/2024, 192/2024 и 196/2024).
- Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
- Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
- Некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.