[Најава] Претседателот на Владата Мицкоски ќе одржи прес-конференција по повод Национална стратегија за информатичко-комуникациски и телекомуникациски развој

Почитувани, Ве известуваме дека денеска 16.10.2024 година (среда), претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски заедно со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ќе остварат состанок на кој ќе се означи почетокот на изработка на Национална стратегија за информатичко-комуникациски и телекомуникациски развој во државата - Националната ИКТ стратегија.


Во 12:00 часот медиумите ќе имаат можност за инсерти, при што во 12:30 часот заедничка прес-конференција за медиуми во Медија центарот на Владата ќе одржат претседателот на Владата Мицкоски и министерот Андоновски.


Го покануваме Вашиот медиум да ја проследи прес-конференцијата.


Со почит,
Календар Влада: 
Среда, Октомври 16, 2024 - 12:00 to 13:30