ЈАВЕН ПОВИК бр. 01/2024 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на управен одбор и членови на надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење на јавните претпријатија основани од Владата
Врз основа на член 17, член 17- а став 1, член 26 и член 26-а од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија“ бр.38/96, 6/2002, 40/2003, 49/2006, 22/2007, 83/2009, 97/2010, 6/2012, 119/2013, 41/2014, 138/2014, 25/2015, 61/2015, 39/2016, 64/2018, 35/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.275/2019, 89/2022, 274/2022 и 208/2024) и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен весник на Република Северна Македонија“бр.213/2024), Владата на Република Северна Македонија објавува:
Ј А В Е Н П О В И К бр. 01/2024
за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на управен одбор и членови на надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење на јавните претпријатија основани од Владата на Република Северна Македонија
- Владата на Република Северна Македонија на предлог на генералниот секретар, на веб страницата на Владата https://vlada.mk и на веб страницата на јавното претпријатие објавува Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 7 (седум) члена на Управниот одбор и 3 (три) члена на Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење во јавните претпријатија основани од Владата и тоа:
- Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје ц.о., на веб страницата https://www.makedonijapat.com.mk;
- Јавно претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје, на веб страницата https://mzi.mk/;
- Јавно претпријатие за стопанисување со државните шуми „Национални Шуми”-П.О. Скопје, на веб страница www.mkdsumi.com.mk;
- Јавно претпријатие за стопанисување со пасишта – Скопје, на веб страницата www.jppasista.mk;
- Јавно претпријатие за извршување на водостопански дејности ХС „Злетовица'' – Пробиштип, на веб страницата www.hszletovica.com.mk;
- Јавно претпријатие за водостопанство „ЛИСИЧЕ'' – Велес; http://www.jpvlisice.mk
- Јавно претпријатие ''Стрежево'' – Битола, на веб страницата https://www.strezevo.com.mk/;
- Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен” – Скопје, на веб страницата https://www.jasen.com.mk;
- Јавно претпријатие за државни патишта, на веб страницата https://roads.org.mk/;
- Јавно претпријатие Колекторски систем, на веб страницaта www.kolektorskisistem.com.mk.
- Владата на Република Северна Македонија на предлог на генералниот секретар, на веб страницата на Владата https://vlada.mk и на веб страницата на јавното претпријатие https://www.agroberza.com.mk/ објавува Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 5 (пет) члена на Управниот одбор и 3 (три) члена на Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на Јавното претпријатие за берзанско работење Агро –Берза – Скопје.
- Владата на Република Северна Македонија на предлог на генералниот секретар, на веб страницата на Владата https://vlada.mk и на веб страницата на јавното претпријатие www.slvesnik.com.mk објавува Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 4 (четири) члена на Управниот одбор- од редот на афирмирани и стручни лица и 5 (пет) члена на Одборот за контрола на материјално-финансиското работење на Јавното претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија.
- За член на управниот одбор на јавното претпријатие основано од Владата, може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
- Да е државјанин на Република Северна Македонија,
- Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование,
- Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
- Да имаат најмалку пет години работно искуство од кои:
- најмалку еден член на управниот одбор со работно искуство од областа на финансиско работење и
- најмалку еден член на управниот одбор со работно искуство од областа на правните работи.
- За член на Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
- Да е државјанин на Република Северна Македонија,
- Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование од областа на правните науки, економските науки или од областа на дејноста на јавното претпријатие,
- Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
- Да имаат и соодветно работно искустви и тоа:
- еден член на надзорниот одбор, треба да има најмалку пет години работно искуство,
- еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на финансиското работење и
- еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на правните работи.
- Со пријавата заинтересираните кандидати задолжително треба да ја достават следната документација:
- Образец за пријавување;
- Кратка биографија;
- Уверение за државјанство;
- Уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование, соодветно за местото за кое се пријавува,
- Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Доказ дека има најмалку пет години работно искуство за соодветно место за кое се пријавува (Преглед на регистрирани податоци во матична евиденција од Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија)
- Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон за бараната позиција.
- Документите од точка 6 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен одбор/ надзорен одбор за контрола на материјално - финансиското работење со назнака за позицијата за која се аплицира и јавното претпријатие за кое се аплицира“.
- Членовите на Управниот одбор/ надзорниот одбор за контрола на материјално - финансиското работење на јавното претпријатие ги именува, односно разрешува основачот на јавното претпријатие - Владата на Република Северна Македонија.
- Член на управен/ надзорен одбор на јавното претпријатие не може да има лично, преку трето лице или по било која основа, интереси во претпријатие или трговско друштво кое е во деловни односи со јавното претпријатие, кои можат да имаат било какво влијание на неговата независност и непристрасност во одлучувањето во јавното претпријатие. Секој член на управниот одбор, е должен да го предупреди основачот на постоењето на ваков интерес кај еден или повеќе членови на Управниот одбор.
- Неспојливи се функцијата претседател и член на управен/надзорен одбор на јавното претпријатие со функциите претседател и членови на Владата на Република Северна Македонија.
- Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 дена, сметано од денот на објавување на јавниот повик.
- Повикот ќе биде објавен на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија и на веб страницата на јавното претпријатие.
- Краен датум за пријавување е 21.10.2024 година.
- Кандидатите кои аплицираат за членови на повеќе управни/надзорни одбори за контрола на материјално - финансиско работење, потребно е да поднесат поединечно пополнета пријава за секоја позиција за која аплицираат.
- Непополнета пријава како и некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.