[Најава] Платформа: 100% посветени за тебе - „Мерки и политики за земјоделието, животната средина и локалната самоуправа“.
Почитувани, Ве известуваме дека утре 25.10.2024 година (петок) во 10:00 часот во Свечена сала на Владата ќе се одржи Платформа: 100% посветени за тебе на тема „Мерки и политики за земјоделието, животната средина и локалната самоуправа“.
Учество ќе земат следните говорници:
Изет Меџити, прв заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање,
Златко Перински, министер за локална самоуправа и
Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Модератори ќе бидат: Марија Митева и Венера Љатифи Азизи, Портпароли на Влада.
Го покануваме Вашиот медиум да го проследи настанот.
Со почит,