[Најава] Платформа: 100% посветени за тебе - „Мерки и политики за унапредување на здравството, социјалната политика, демографијата и младите“
Почитувани, Ве известуваме дека утре 04.11.2024 година (понеделник) во 13:00 часот во Свечената сала на Владата ќе се одржи Платформа: 100% посветени за тебе на тема „Мерки и политики за унапредување на здравството, социјалната политика, демографијата и младите“.
Учество ќе земат следните говорници:
Арбен Таравари, министер за здравство,
Фатмир Лимани, министер за социјална политика, демографија и млади,
Сашо Клековски, директор на ФЗОМ и
Никола Мемов, директор на ПИОМ.
Модератори ќе бидат: Марија Митева и Венера Љатифи Азизи, портпароли на Влада.
Го покануваме Вашиот медиум да го проследи настанот.
Со почит,