[Најава] Првиот заменик-претседател на Владата и министер Меџити ќе го пушти во функција хидросистемот Ѓавато
Почитувани,Ве известуваме дека денеска 09.11.2024 година (сабота) во 13:30 часот, првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и пратеникот во Собранието Миле Цеков официјално ќе го пуштат во функција хидросистемот Ѓавато, со кој се напојува со вода Дојранското Езеро.
Предвидено е изјава за медиуми да даде првиот заменик-претседател на Владата и министер Меџити.
Го покануваме Вашиот медиум да ја проследи изјавата.
Со почит,
Календар Влада:
Saturday, November 9, 2024 - 13:30 to 14:30