[Најава] Премиерот Мицкоски на средба со претставниците на Македонската банкарска асоцијација

Почитувани, Ве известуваме дека утре 17.11.2024 година (недела) со почеток во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во просториите на Министерството за финансии ќе оствари средба со претставниците на Македонската банкарска асоцијација со кои се разговара за пласирање на кредитната линија од 250 милиони евра по поволни услови за стопанството.

По состанокот предвидени се изјави за медиуми.

Го покануваме Вашиот медиум да ги проследи изјавите.

Со почит,

Календар Влада: 
Sunday, November 17, 2024 - 12:00 to 13:00