[Најава] Меѓувладина седница помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово

Почитувани, Ве известуваме дека утре 18.11.2024 година (понеделник) со почеток во 12:00 часот во Република Косово ќе се одржи меѓувладина седница помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово.

Предвидено е пред почетокот на меѓувладината седница, односно од 11:20 часот да се одржи тет-а-тет средба помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и премиерот на Владата на Косово, Албин Курти, како и тет-а-тет средби помеѓу министрите од двете Влади.

По завршување на меѓувладината седница, ќе се потпишат билатерални договори и меморандуми за соработка во повеќе области.

Воедно, во 13:45 часот заедничка прес-конференција ќе одржат претседателот на Владата на Република Северна Македонија Мицкоски и претседателот на Владата на Република Косово, Курти.

Со почит,

 

 

Календар Влада: 
Monday, November 18, 2024 - 10:45 to 15:00