[Најава] Првиот заменик-претседател на Владата и министер Меџити ќе се обрати на Меѓународната конференција на народни правобранители и национални човекови права и Институциите за животна средина

Почитувани, Ве известуваме дека утре 20.11.2024 година (среда) со почеток во 09:00 часот во хотел Холидеј Ин во Скопје, првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање г-дин Изет Меџити ќе учествува и ќе има обраќање нa Меѓународната конференција на народни правобранители и национални човекови права и Институциите за животна средина.

По настанот се планирани изјави за медиуми од вицепремиерот Меџити, народниот правобранител Насер Зибери и постојаниот претставник на УНДП Армен Григоријан.

Го покануваме Вашиот медиум да го проследи настанот.

Со почит,

Календар Влада: 
Wednesday, November 20, 2024 - 09:00 to 11:00