[Најава] Владина седница под слоганот ,,Слушнете ја иднината” по повод Светски ден на детето

Почитувани, Ве известуваме дека денеска 20.11.2024 година (среда) по повод Светски ден на детето во организација на УНИЦЕФ и Владата на Република Северна Македонија во Свечена сала ќе се одржи владина седница под слоганот ,,Слушнете ја иднината”, каде што децата заедно со премиерот и министрите ќе разговараат за следните теми: климатска и еколошка криза, напредни технологии и демографски промени.

По завршување на настанот во 12:30 часот прес-конференција во Медија центарот ќе одржи премиерот Мицкоски.

Го покануваме Вашиот медиум да ја проследи прес-конференцијата.

Со почит,

Календар Влада: 
Среда, Ноември 20, 2024 - 12:30 to 13:30