Министерот Јанакиески во Кочани врачи нови решенија за легализација на дивоградби

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски  во тек на денешната посета на Кочани врачи 10-ина решенија  за легализација на  бесправно изградени објекти во општината.

- Кочани е пример во Македонија за решавање на дивоградбите, бидејќи од 6.000 барања за лергализација на нелегално изградени објекти досега се решени 22 проценти од нив, изјави министерот Јанакиески. 

Градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски информира дека општинските служби зајаканати со волонтери работат на решaвање  на поднесените барања од граѓаните.

- Ангажиравме шест волонтери кои заедно со вработените во  стручната служба на Општината, работат интензивно на решавање на барањата за дивоизградените објекти во Кочани, истакна Димитровски.

Според министерот Јанакиески,  во целата држава досега се решени 25 илјади  барања за бесправно изградени објекти.

- Очекувам со законските измените во наредниот период интензитетот за решавање на барањата да се зголеми, посочи министерот за транспорт.

Одговарајќи на новинарско прашање каква ќе биде судбината на вработените во подружницата на Македонија пат во Штип во чиј состав е и секцијата на Македонија пат-Кочани, Јанакиевски одговори дека тие ќе бидат ангажирани на други работни места. Ќе биде избегната можноста да останат без работа, нагласи Јанакиески.