Премиерот Мицкоски ќе присуствува на почеток на реконструкција на Спортската сала „Расадник” во Општина Кисела Вода

Почитувани, Ве известуваме дека денеска 29.11.2024 година (петок) во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на почеток на реконструкција на Спортската сала „Расадник” во Општина Кисела Вода.
Реконструкцијата чина околу 90.000.000 денари финансирано преку Министерството за спорт.
Предвидено е со реконструкцијата спортската сала „Расадник” да добие простор за ракомет, баскет, мал фудбал, одбојка како и деловен простор кој ќе се издава се со цел спортската сала да биде рентабилна.
Општина Кисела Вода ја презема спортската сала од владиното ЈП за стопанисување со спортски објекти без долгови.
По 30 години негрижа конечно започнува реконструкцијата на салата „Расадник”, со што повторно ќе го добие својот сјај.
Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.
Го покануваме Вашиот медиум да ја проследи изјавата.
Со почит,

Календар Влада: 
Friday, November 29, 2024 - 12:00 to 13:00