Вицепремиерот Пешевски во посета на Крива Паланка

Во рамките на редовните посети на владини претставници на општините и населените места низ државата, денеска во работна посета на Крива Паланка претстојуваше вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

Пешевски најнапред ја посети кривопаланечката подрачна единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде со одговорните разговараше за проблемите во земјоделството, водостопанството и шумарството во Кривопаланечкиот регион.

Потоа вицепремиерот ја посети Агенцијата за катастар на недвижности - Одделение за катастар на недвижности во Крива Паланка каде, исто така, со одговорните водеше расправа за состојбите и проблемите со кои се соочуваат граѓаните од Крива Палнка и Ранковце.

Пешевски се сретна и со кривопалнечкиот градоначалник Арсенчо Алексовски кој на вицепремиерот му ги претстави развојните планови на општината.