[Најава] Премиерот Мицкоски на настан по повод Денот на наставата на турски јазик

Почитувани, Ве известуваме дека утре 20.12.2024 година (петок) во 14:00 часот по повод Денот на наставата на турски јазик, Министерството за односи меѓу заедниците организира настан на кој свое присуство ќе имаат и учениците од OOУ „Страшо Пинџур“ од Карбинци, заедно со подрачните училишта од с. Прналија и с. Радање.

Настанот ќе се одржи во просториите на министерството, a предвидено е присуство на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски.

Пред почеток на настанот изјава за медиуми ќе даде претседателот на Владата, Мицкоски.

Го покануваме Вашиот медиум да ја проследи изјавата.

Со почит,

Календар Влада: 
Петок, Декември 20, 2024 - 14:00 to 15:30