[Најава] Премиерот Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на изградба на трговски центар во Општина Гевгелија

Почитувани, Ве известуваме дека утре 22.12.2024 година (недела) во 11:00 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на изградба на трговски центар во Општина Гевгелија.

Изградбата на мега шопинг парк е на вкупна површина од 19.000м2.

Овој нов трговски центар ќе има голем инпут за економијата во Гевгелија. Ќе бидат отворени над 300 нови работни места, а покрај тоа ќе придонесе за привлекување на уште поголем број транзит туристи во градот.

Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.

Го покануваме Вашиот медиум да ја проследи изјавата.

 

Со почит,

Календар Влада: 
Sunday, December 22, 2024 - 11:00 to 12:00