Јавен oглас Бр.29/2025 за избор на директор и заменик на директорот на Државниот испитен центар
Институција која огласува:
Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија
Рок на пријавување:
23.03.2025
Врз основа на член 9 и член 10 од Законот за државниот испитен центар („Службен весник на Република Македонија“ бр. 142/2008, 148/2009, 41/14, 55/16, 142/16 и 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.59/25), Владата на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС Бр.29/2025
за избор на директор и заменик на директорот на Државниот испитен центар
- Владата на Република Северна Македонија на предлог од министерот за образование и наука ќе именува директор и заменик на директорот на Државниот испитен центар, за време од пет години, со можност повторно да бидат избрани.
- За директор и заменик на директорот на Државниот испитен центар може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови:
- Да е државјанин на Република Северна Македонија;
- Во моментот на избирањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
- Да има минимум шест години работно искуство во воспитно-образовна дејност или во орган на државната управа надлежен за работите на образованието;
- Да има меѓународно признат сертификат или уверение за познавање на англискиот јазик не постар од пет години и тоа: ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL IBT) - најмалку 30 бода, ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 3 бода, КЕТ (КЕТ) (Cambridge English) – положен, АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2) или да има сертификат, уверение или потврда со кое се потврдува познавањето на еден од четирите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски или италијански јазик) на најмалку ниво Б2 (B2) од Европската референтна рамка за јазици, издадени од установа или институција во државата или странство, регистрирана како давател на оваа услуга, освен за наставниците по предметот англиски јазик, француски јазик, германски и италијански јазик и
- Да има изготвено план и програма за работа и развој на Државниот испитен центар за период од четири години. (важи само за директор)
- За директор и заменик на директорот на Државниот испитен центар може да биде избрано лице кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнителните критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni...
- Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
- Пријава по оглас;
- Кратка биографија;
- Мотивациско писмо;
- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
- Доказ дека во моментот на избирањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Диплома или уверение за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
- Доказ дека има минимум шест години работно искуство во воспитно-образовна дејност или во орган на државната управа надлежен за работите на образованието;
- Меѓународно признат сертификат или уверение за познавање на англискиот јазик не постар од пет години и тоа: ТОЕФЕЛ ИБТ (TOEFL IBT) - најмалку 30 бода, ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 3 бода, КЕТ (КЕТ) (Cambridge English) – положен, АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2) или
- Сертификат, уверение или потврда со кое се потврдува познавањето на еден од четирите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски или италијански јазик) на најмалку ниво Б2 (B2) од Европската референтна рамка за јазици, издадени од установа или институција во државата или странство, регистрирана како давател на оваа услуга, освен за наставниците по предметот англиски јазик, француски јазик, германски и италијански јазик и
- План и програма за работа и развој на Државниот испитен центар за период од четири години. (важи само за директор)
- Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за избор на директор и заменик на директорот на Државниот испитен центар-со назнака за позицијата за која се аплицира“.
- Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
- Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните одбори и слични тела).
- Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
- Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
- Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.
Пропратни документи: