Јавен oглас Бр.30/2025 за именување на директор на Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини
Врз основа на член 10 од Законот за Државен инспекторат за енергетика рударство и минерални суровини („Службен весник на Република Македонија“ бр. 88/2008, 119/2010, 36/11, 136/11, 164/13, 41/14, 33/15, 61/15, 154/15, 53/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.99/22, 147/24 и 16/25), и член 27 став (3) и став (4) од Законот за инспекциски надзор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/2019, 272/2024 и 22/2025), Владата на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС Бр.30/2025
за именување на директор на Државниот инспекторат за енергетика,
рударство и минерални суровини
- Владата на Република Северна Македонија, ќе именува директор на Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини, со мандат од четири години.
- За директор на Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини, може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови, и тоа:
1) Да е државјанин на Република Северна Македонија;
2) Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
3) Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
4) Да има минимум шест години работно искуство;
5) Да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
- ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода и
- АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2) и
6) Да поседува потврда за активно познавање компјутерски програми за канцелариско работење.
- За директор на Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини, може да биде именувано лице кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнителните критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf ,
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni...
- Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
- Пријава по оглас;
- Кратка биографија;
- Мотивациско писмо;
- План и програма за идна работа;
- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
- Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Диплома или уверение за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
- Доказ дека има минимум шест години работно искуство;
- Меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
- ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода и
- АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2) и
- Потврда за активно познавање компјутерски програми за канцелариско работење.
- Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување на директор на Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини“.
- Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
- Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните одбори и слични тела).
- Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.31/25).
- Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
- Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
- Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.