Рудникот „Иловица“ даден под концесија, планираната инвестиција 700 милиони евра

Минатата недела е потпишан договорот за давање на рудникот „Иловица“ под концесија. Конкретните активности за експлоатација се очекува да почнат многу скоро, а според инвестицискиот план на „Еуромакс“, вложени ќе бидат 500 до 700 милиони евра.

Како што рече денеска министерот за економија Ваљон Сарачини, „Иловица“ располага со 120 тони злато и 700.000 тони бакар што е само 30 отсто од вкупното концесиско поле.

- Ако продолжат истражувањата и во останатите 70 проценти од концесиско поле, постои голема веројатност да се најдат и други резерви на злато и бакар, истакна Сарачини на прес-конференција по повод промовирањето на новиот закон за минерални суровини.