Премиерот Никола Груевски испрати писмо со сочувство до неговиот бугарски колега Бојко Борисов
Ваша Екселенцијо, почитуван колега Борисов,
По повод трагичниот настан во кој животите ги загубија недолжни жртви, Вам и на семејствата на загинатите ви изразувам најдлабоко сочувство од свое лично име и од името на Владата и граѓаните на Република Македонија.
Најостро го осудуваме овој терористички акт и тероризмот како глобално зло.
Никола ГРУЕВСКИ
Н.Е. г-дин Бојко БОРИСОВ
Премиер на Бугарија