Груевски: Законот за бранители е добар и е согласно Уставот, не штети никому

 Законот за бранителите е правичен и не е противуставен, не е против никого, не загорузува ничии интереси и не загрозува ниту една етничка заедница, нагласи денеска премиерот Никола Груевски.

Овој закон, во друга верзија, потсети тој, е донесен во првата половина на 2002 година, но подолг период, посочи, се провлеквуа прашањето за зголемување на одредени бенефиции од тој закон.

- Со овој закон практично сакаме да ги зголемиме бенефициите од постојниот Закон за бранители, за оние кои ги ризикуваа животите во 2001 година. Тоа ќе биде само мало внимание за семејствата на оние бранители кои ги загубија животите во 2001  година бранејќи ја Македонија, изјави Груевски по денешното отпочуивање на изгрдба на канализација во скопско Стајковци.

Тој оцени дека ако постоечкиот Закон донесен во 2002 година не беше ниту противуставен, ниту против некоја етничка заедница, сигурно не е ниту овој, затоа што, дециден е, овој Закон значи само зголемување на бенефитите кои се користеа со претходниот.

Партиите кои се спротивставуваат на овој закон, порача премиерот Груевски, треба да размислат уште еднаш, позрело, и да не го злоупотребуваат во политичко - партиски цели.