Груевски не очекува негативни последици од вклучувањето на Македонија во „Јужен поток“

Премиерот Никола Груевски не очекува негативни последици од приклучувањето на Македонија на гасоводот „Јужен поток“.

Прашан за коментар на изјавата на помошникот државниот секретар на САД Филип Гордон дека земјите кои ќе се снабдуваат со гас од „Јужен поток“ ќе станат економски зависни само од една држава, што може да доведе и до политичка зависност, премиерот Груевски денеска во општина Илинден изјави: - „И во моментот од една земја набавуваме гас и нема никаков нов момент во тој правец. Втора работа е што цела Европа главно набавува глас од таа иста земја така што во тој правец не очекувам дека ќе се случат некои негативни појави“.