МОН ќе ја помогне доградбата на ОУ „Тихомир Милошевски“ во Ѓорче Петров

 

Министерот за образование и наука Панче Кралев и градоначалникот на општината Ѓорче Петров Сокол Митровски денеска најавија доградување на основното училиште „Тихомир Милошевски“ во Ново Село, општина Ѓорче Петров.

Ќе бидат изградени нови 12 училници за потребите на 540 ученици кои сега учат во три смени. Проектот го изработи Општината и ќе чини 65 милиони денари. Градежните зафати  ќе почнат оваа, а се очекува да завршат во 2015 година.

- Доградбата на училиштето е приоритет на општината. Изработен е проект од страна на општината, а Министерството за образование ќе ја помогне реконструкцијата на ОУ „Тихомир Милошевски“, рече министерсот Кралев.