Министерката Канческа Милевска во посета на куќите-културни споменици и институции во Велес
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ја посети Куќата на Касапови, споменик на културата, во стариот дел на Велес.
Според министерката Канческа-Милевска, во Велес градот со богата културна традиција, уметниците кои учествуваат на ликовната колонија имаат убава можност од ова преубаво место во стариот дел на градот да бидат инспирирани од старата велешка архитектура и да творат. Таа најави дека како и досега Министерството за култура ќе ја финансира колонијата, но и други интересни културни содржини, од што би произлегле голем број работилници,тркалезни маси и други културни настани. Најави и продолжвуање на финансиската поддршка за реставрација на куќите со стара велешка архитектура.
Канческа Милевска ја посети и Националната установа театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ и при тоа им го врачи новиот дигитален кино проектор.
- Ова ќе биде одлична можност велешани да ги следат сите најнови остварувања од домашната и странска филмска кинематографија, и верувам дека граѓаните повторно ќе се вратат во кино салите, потенцира Канческа-Милевска.
Јордан Витанов, директор на театарот оцени дека кино проекторот ќе има значајна улога за ревитализација на кино културата во Велес.
- Во соработка со Кинотека на Македонија и дистрибутерите ние ќе донесеме една солидна програма,уште во април, мај годинава, како и од програмата од филмските фестивалите кои се одржуваат во земјата. Освен во оваа сала кино проекции би се проектирале и во салата на Градската библиотека „Гоце Делчев‘‘, рече Јорданов.
Канчевска - Милевска ја посети и Градската библиотека „Гоце Делчев‘‘ каде освен со дирекорот Игор Крајчев се сретна и разговараше со културните творци од Велес.