Новата индустриска зона во Струга ќе биде готова во октомври, најави вицепремиерот Ставрески
Струга ќе добие Технолошко-индустриска зона која ќе почне да се гради летово и ќе отвори голем број вработувања. За првите инвеститори ќе биде подготвена од октомври, а веќе интерес имаат две европски компании.
Ова го најави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески при денешната посета на Струга.
Проектот за изградба на ТИРЗ е заеднички на Владата и на локалната власт.
Засега, како што рече тој, интерес за инвестирање пројавиле две европски компании. - Едната е од автомобилската индустрија, а другата е од електронската индустрија, кои најавија планови за инвестирање во овој регион и очекувам во наредните недели и месеци да завршат успешно тие разговори и да успееме да ги донесеме во зоната во Струга, што би значело, креирање на речиси 1000 работни места само од тие две компани, а вкупно во зоната кога ќе биде целосно функционална очекуваме да се отворат над три илјади работни места, додаде вицепремиерот Ставрески.