Постдипломскиот студиум по монетарна економија, финансии и банкарство одбележа 50 години од постоењето

 

 

Постдипломскиот студиум по монетарна економија, финансии и банкарство при Економскиот факултет денеска со меѓународна конференција ја одбележа 50 годишнината од постоењето.

На еднодневната конференција на која присуствуваат еминентни професори ќе се дебатира за финансиите и монетарната политика по глобалната финансиска криза.

- Со гордост може да се истакне дека студентите од овој студиум станале премиери, министри, гувернери, директори на банки и раководни лица во многу институции. Со еден збор луѓе кои ја преставуваа и градеја македонската економија, истакна министерот за образование и наука Панче Кралев.

Посакувајќи им успех во образовната и научната дејност, Кралев рече дека Владата ќе продолжи да вложува и да го надградува високото образование затоа што карактерот на една држава е тесно поврзан со тоа какво образование има.

- Постојаното надградување на постдпломските студии во насока на нивна флексибилност и структуирање подредено на резултатите од учењето на понатамошниот општествен развој се насоки кон кои ние како креатори на образовната политика заедно со академската заедница треба да се стремиме, нагласи министерот Кралев.

Постдипломскиот студиум по монетарна екононија, финансии и банкарство е основан во 1961 година како прв од таков тип во поранешна Југославија. Досега на него магистрирале 322 студенти.

Постдипломскиот студиум по монетарна економија, финансии и банкарство при Економскиот факултет денеска со меѓународна конференција ја одбележа 50 годишнината од постоењето.

На еднодневната конференција на која присуствуваат еминентни професори ќе се дебатира за финансиите и монетарната политика по глобалната финансиска криза.

- Со гордост може да се истакне дека студентите од овој студиум станале премиери, министри, гувернери, директори на банки и раководни лица во многу институции. Со еден збор луѓе кои ја преставуваа и градеја македонската економија, истакна министерот за образование и наука Панче Кралев.

Посакувајќи им успех во образовната и научната дејност, Кралев рече дека Владата ќе продолжи да вложува и да го надградува високото образование затоа што карактерот на една држава е тесно поврзан со тоа какво образование има.

- Постојаното надградување на постдпломските студии во насока на нивна флексибилност и структуирање подредено на резултатите од учењето на понатамошниот општествен развој се насоки кон кои ние како креатори на образовната политика заедно со академската заедница треба да се стремиме, нагласи министерот Кралев.

Постдипломскиот студиум по монетарна економија, финансии и банкарство е основан во 1961 година како прв од таков тип во поранешна Југославија. Досега на него магистрирале 322 студенти.