Работилница за полесен пристап на маргинилизираните групи до ИКТ (ПВТ)

Владите и невладиниот сектор преку заедничка соработка треба да овозможат социјална вклученост во општеството на ранливите категории граѓани преку полесен и ефективен пристап до информациско-комуникациските технологии. Придобивките од модерните технологии треба да бидат достапни за таа категорија граѓани и да им го олеснат и подобрат животот.

Такви пораки беа истакнати на едукативната работилница на тема „Зајакнување на вклученоста на маргинализирани групи во е-Владеење - овозможен пристап, ефективно користење“, што денеска се одржува во Скопје во организација на Министерството за информатичко општество и администрација.

Едукативната работилница наменета за претставници на маргинализираните групи од седум држави од регионот на ЈИЕ треба да овозможи подобра слика за електронската достапност во регионот за околу 10 проценти од населението кое спаѓа во маргинализираните групи.

- Информатичко-комуникациските технологии и нивната примена во секојдневниот живот стана потреба, а не луксуз, и треба да биде застапена во секојдневниот живот и на најранливите категории граѓани. Ним треба да им се овозможи користење на интернет и придобивките од него за да се едуцираат, социјализираат, вработуваат, забавуваат, нагласи на отворањето на работилницата заменик-министерот за информатичко општествои администрација Марта Арсовска Томовска.

МИОА, наведе таа, во изминатиот период спроведе повеќе проекти со кои овозможи пристап до ИКТ-технологиите и користење на придобивките од нив. Во тек се активности и за други проекти во таа насока. Наскоро ќе биде потпишан договор за примена на софтвер за синтеза на говор, а значајни за ранливите категории граѓани ќе бидат и проектите со кои ќе се овозможи функционирање на порталот е-Демократија и воспоставувањето електронска трговија преку отворање на повеќе од 100 електронски продавници. Тоа, според Арсовска Томовска, е особено значајно за лицата со посебни потреби бидејќи ќе им се овозможи да отворат свој бизнис доколку имаат претприемачки дух.

Во рамки на иницијативата за е-Југоисточна Европа при Регионалниот центар за соработка во која Република Македонија е членка, во тек е Програма „e-leadership“ за Западен Балкан. Една од целите на Програмата е првпат да направи целосна слика за нивото на електронската пристапност во регионот на ЈИЕ, споредена со поставеното ниво од Европската унија.