Од состанокот на Меѓуресорното тело за за пазар на капитал одржан на 18.11.2011 година
Денеска во Владата на Република Македонија се одржа првиот состанок на Меѓуресорното тело за пазар на капитал, со кое претседаваше претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски.
Целта на ова тело е на едно место да се дискутира и да се разменат информации во врска со состојбите и предизвиците на пазарот на капитал во Република Македонија во контекст со случувањата во еврозоната и меѓународните пазари на капитал.
Во рамки на дискусијата беа презентирани повеќе идеи и согледувања за можностите кои стојат на располагање со цел да се унапреди функционирањето на пазарот на капитал, пред се преку воведување нови инструменти, потребата од поголема едукација на компаниите од реалниот сектор, како и за можностите за унапредување на регулативата.
На средбата покрај владините претставници, учествуваа претставници од банкарскиот сектор, Македонската берза, Комисијата за хартии од вредност, НБРМ, приватните пензиски фондови и Централниот депозитар за хартии од вредност.