Велигденска честитка од премиерот Груевски до верниците од Eвангелско-методистичката црква
До ЕВАНГЕЛСКО - МЕТОДИСТИЧКАТА ЦРКВА
Г. ЕМИЛ ЗАЕВ, Претседател
Почитуван господин Заев,
Дозволете ми Вам лично, на Вашето свештенство и на сите верници на Евангелско-методистичката црква во Република Македонија, од мое лично име и од името на Владата на Република Македонија, да Ви упатам честитки по повод големиот христијански празник, денот на Христовото воскресение- Велигден.
Со воскресението, Бог ни го исцрта патот кој долго во минатото му беше непознат на човековиот род. Тоа е големиот чин кој постојано и постојано нè потсетува и инспирира да имаме богоугоден живот, да бидеме скромни и милостиви, да имаме силна верба, да создаваме, да помагаме, да простуваме, да оставаме убави и позитивни дела зад нас. Тоа е патот на добрината, саможртвата и правдољубието. Славењето на овој голем празник значи празнување на добрината, на љубовта, на саможртвата за вредностите кои животот го прават подобар, достоинствен и праведен.
Јас верувам дека сите ние како христијани, ќе продолжиме да го следиме тој пат, ќе продолжиме да ги шириме овие вредности и да работиме чесно и напорно за достоен и убав живот на сите граѓани во Република Македонија.
Ви посакувам убави празнични денови исполнети со многу среќа, радост и духовен мир.
Бидете благословени и нека ни е честит големиот христијански празник!
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!
Со почит,
Никола ГРУЕВСКИ